Пред некој ден еден пријател ме праса:
“Како изреагираа останатите членови на Анастасија“?

Јас му одговорив:
“Не знам како тие реагираа, а и искрено не ме интересира.
Кога подоцна Анастасија направи нови верзии на песните што заедно ги правевме тие не се консултираа со мене како коавтор, па не ми оставија простор ни јас да ги прашувам за преобјавување на првите верзии од кои само јас имам матрици. Особено не ме интересира мислењето на човек кој го зема моето место во Анастасија (и кој тотално не заслужува да му го спомнам името), човек што не беше ни дел, ниту учесник во создавањето на најуспешните песни на Анастасија, а сега си придава преголеми авторски кредити за истите. Типичен музички тезгарош и плагијатор, темна дамка во историјата на македонската популарна музика.”

article thumbnails

Подолго време готвењето му е страст на Ковачески. „Трип адвајзор“ го прогласи неговиот ресторан „Crust“ за најдобар во Мајами во четири последователни години (2015-2018)

Антологискиот сингл „Премин“ од албумот „Пред дождот“ на групата „Анастасија“, неодамна беше реиздаден. Идејата беше на гитаристот Климе Ковачески, еден од првите членови на составот. Како се случи ова „повторно раѓање“ на „Премин“, спомени во врска со групата „Анастасија“, но и неговиот голем успех во светот на кулинарството, со оглед на тоа дека Ковачески, заедно со сопругата Анита се сопственици на еден од најпочитуваните ресторани во Мајами, „Crust“.

Тој вели дека почнал да прави нов дизајн на својата стара веб-страница од 2005-та и решил да додаде страна наречена „Моја гитара“. Се двоумел до која година наназад да се врати.

– Со оглед на тоа дека сум сопственик на padotnavizantija.com, решив да се вратам само до 1989-та. И бев вчудоневиден кога сфатив дека и моите најблиски пријатели заборавиле на оние три месеци во летото таа 1989-та, кога скоро секојдневно во една исклучителна низа од музички сесии ги снимивме првите верзии на песните што подоцна станаа најпрепознатливиот звучен продукт на групата „Анастасија“. Покрај креативниот удел, мојата инвестиција во звучна опрема што ја донесов изнесуваше околу 30.000 долари во тоа време. Кога пред неколку месеци му го кажав овој податок на мојот пријател Славе Келешовски, неговата реакција беше: „Во тоа време толку чинеше еден мал апартман, и тоа убав“ – вели Ковачески.

Климе Ковачески

Климе Ковачески

Тој најавува дека планира да реиздаде шест или седум песни, да ги дигитализира и да им го подобри звучниот квалитет.

– Веројатно и продукциски ќе ги дотерам, ќе додадам и наснимам гитарски делови. Сепак, јас бев и сè уште сум само рокенрол гитарист и важно ми е луѓето да ја знаат приказната за „Премин“ и останатите песни. Јас сум како луто пиперче, ако песната е бесвкусна, стави малку од мене и на слушателите веднаш ќе им се смени впечатокот – се смее Ковачески.

solo guitar

На прашањето какви емоции го навјасуваат кога ја слуша музиката што некогаш ја создавал заедно со Горан Трајкоски и Зоран Спасовски.

– Идејата што ја водеше групата „Падот на Византија“ беше распаѓањето на еден стар систем, крајот на Југославија. Тоа лето го поминавме во бескрајни разговори, во куќата на отец Стефан Санџакоски, а како продукт идејата за групата „Анастасија“ беше раѓање, воскреснување на Македонија. Обидете се овој концепт да не го сфатите само политички, или најмалку политички, и ќе разберете што ми беше во умот во тоа време. Не можам да зборувам дали истите мисли ги имаа и останатите членови – вели тој.

Ковачески се потсетува за соработката со Горан Трајкоски. Вели дека во сите групи каде што свиреле заедно, заедно ја правеле и музиката и текстовите.

– Летото 1989 година немавме можност како во минатото сè да правиме заедно, туку Горан ќе ги отсвиреше песните или идеите за песни на акустична гитара, а јас и Зоки додававме свои делови, свои аранжмани. Што се однесува конкретно до „Премин“, најпрепознатливиот дел од песната, инструменталната тема што се повторува меѓу пеењето, тој дел во целост е мој и мислам дека никој не би ја препознал песната ако таа се отсвири без тој дел. Eдна од моите омилени македонски народни песни е: „Ајде дали знаеш, паметиш Милице” и таа песна има таков генијален и препознатлив инструментален дел. Уште од мал мечтаев да направам такво нешто – препознатлив столб на песна – вели тој.

Подолго време готвењето е страст за Ковачески. „Трип адвајзор“ го прогласи неговиот ресторан „Crust“ за најдобар во Мајами во четири последователни години (2015-2018). Од каде љубовта кон италијанската кујна?

klime5.jpg

Климе и сопругата Анита го имаат италијанскиот ресторан Crust во Мајами

– Средно угостителско завршив во Охрид, а висока угостителска во Опатија 1979/1981. Сите знаеме дека тој дел од Хрватска има големи сличности во кулинарството со Италија. За време на престојот во Опатија скоро секоја недела одев во Трст и ја засакав италјанската храна. Парадоксално беше тоа што студирав француска храна, бидејќи таа беше основа во угостителството во тоа време – вели тој.

Мајами е место на џет-сетот, па неретко и славни личности јадат во „Crust“.

– Многу познати личности го посетиле „Crust“. Би било нескромно да се зборува. Најскоро, ако добро се сеќавам, беше пејачката Шаде. Анита разговараше со неа, додека таа чекаше да ù подготвиме храна за земање, за дома.

На прашањето дали пандемијата влијаела лошо врз нивната работа, со оглед на тоа дека угостителската дејност особено страдаше, Ковачески вели:

– „Crust“ од самиот почеток беше направен, како концепт, за земање и носење храна, така што бевме спремни во време на карантинот сосема да го сконцентрираме работењето со носење. „Crust“ сега работи подобро од кога било.

© 2021